Украинката Свитолина сензационално ја елиминираше првата носителка на Вимблдон, Ига Швјонтек

Вистинска сензација на Вимблдон приреди Украинката Елена Свитолина која во четвртфиналето ја елиминираше првата носителка Ига Швјонтек.

Свитолина, 76-та тенисерка во светот, низ одличен меч славеше против првата фаворитка за трофејот Ига Швјонтек во три сета со 7-5, 6-7(6) и 6-2.

По два тешки први сета, Свитолина целосно доминираше во третиот сет за пласман во полуфиналето на Вимблдон.

А, место во полуфиналето претходно обезбеди и Вондрушова од Чешка која 6-4, 2-6, 6-4 ја совлада Американката Пегула.

Се вчитува...