Украинската гимнастичарка Данијела Батрона, на светскиот Куп во Катар освои трето место на двовисински разбој, но на крајот одби да застане на подиум бидејќи првите две места ги освоиле руски гимнастичарки.
Токму од тука Меѓународната гимнастичарска федерација дозволила да има две церемонии. Прво Викторија Листунова и Марија Минаева од Русија ги примија златниот односно сребрениот медал. Потоа на втора церемонија, Батрона го прими бронзениот медал.
Ова е уште еден настан во кој политиката се вмеша во спортот, и војната во Украина се префрли и на спортските борилишта. Претходно руската спортистка Ивана Кулјака се искачи на подиум со руски симбол на дресот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА