Украинското првенство би можело да се игра во Италија, дали Ѓоко Зајков ќе заигра за Ворскла

Италија би можела да биде домаќин на преостанатиот дел од сезоната во првата фудбалска лига на Украина, пренесуваат медиумите од оваа земја. Оваа информација ја соопшти  првиот човек на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина.

Како што е познато првенството на Украина беше прекинато на 24. февруари кога почна нападот на Русија кон оваа земја. Голем дел од фудбалерите побегнаа од Украина, а еден од нив беше и нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој играше во Ворскла.

„ФИГЦ е подготвен да биде домаќин на натпревари од украинскиот шампионат, бидејќи сакаме да им помогнеме. Работиме и на други иницијативи“, рече Гравина во интервју за Кориере дела Сера.

Се вчитува...