Ули Хенес признава дека играчите го сменија Нико Ковач

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес ги потврди шпекулациите кои се вртат низ јавноста деновиве околу тоа кој намногу придонел за смената на тренерот Нико Ковач. Дел од фудбалерите цврсто се залагале Ковач да биде сменет.

„Играчите правеа најголем притисок, лидерите меѓу нив сметаа дека тренерот е најголем виновник за лошите резултати“ – рече Хенес.

Медиумите во Германија тврдат дека водач на бунтот ов Баерн Минхен бил Томас Милер, а поддршка имал од Мануел Ноер, Тијагао Алкантара и Давид Алаба. Милер кој немаше голема минутажа во тимот сепак важи за многу влијателен во тимот, а е миленик и на навивачите.

Баерн Минхен во моментов го предовди Ханс Флик и со него клубот забележа победа од 4-0 во дербито со Борусија Дортмунд.

 

 

Се вчитува...