Ултиматум до Јувентус: Дисквалификација од Серија А ако не се откаже од Суперлигата

Јувентус најави битка со УЕФА за да се спаси од суспензија во Лигата на Шампионите, но уште поголема опасност за „старата дама“ доаѓа од фудбалска Италија, по најавите дека најтрофејниот клуб ќе биде дисквалификуван од елитното италијанско друштво доколку јавно не се откаже од идејата за Суперлигата.

Ова денеска јавно го потврди првиот човек на Италијанската Фудбалска Федерација, Габриеле Гравина, истакнувајќи дека постои правен механизам за исфрлување на Јувентус од Серија А доколку овој клуб остане доследен на ставот да биде дел од Суперлигата.

„Нашиот став е јасен: Јувентус ќе биде исклучен од Серија А ако не се повелече од Суперлигата. Сите сме запознаени дека останаа уште три клубови кои се тврдоглави да ја истераат до крај идејата за Суперлигата, но ние имаме начин да го спроведеме тоа. Јувентус со документите да биде дел од ова натпреварување прекрши бројни правила, ние имаме прецизни аргументи, во Фудбалската Федерација и во Олимпискиот Комитет. Ако Јувентус не ги почитува нашите правила, ќе мора да ги сноси последиците. Ако се нема откажано од Суперлигата до стартот на следната сезона, нема да игра ниту во Серија А“, изјави Гравина.

Се вчитува...