Ултиматум од Борусија Дортмунд до Манчестер Јунајтед: Краен рок за договор за Џејдон Санчо е 10. август

Манчестер Јунајтед има краен термин до 10.август да се изјасни околу трансферот на Џејдон Санчо. Ова е ултиматумот кој го дава Борусија Дортмунд. Ако помине овој термин, нема да има простор за договор тврди германскиот „Билд“. Вредноста на Санчо е 100 милиони евра и англискиот репрезентативец е долгорочна желба на Оле Гунар Солскјер.

Борусија Дортмунд сака да ја избегне ситуацијата евентуалниот трансфер да се развлече низ текот на целото лето и затоа според германскиот весник поставува краен термин во кој Манчестер Јунајтед, кој во моментов се чини е едниствениот вистински сериозно заинтересиран за Санчо со оглед дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред неколку дена изјави дека клубот нема намера да го враќа англискиот репрзентативец.

Од друга страна и Манчестер Јунајтед најави дека нема да се расфрла со големи трансфери летово, а евентуално купување на Санчо би било можно ако бидат продадени некои играчи за да има доволно пари за реализација на трансферот.

 

 

 

Се вчитува...