Уметникот Инфантино веќе не се ни крие: Аргентинци мои, вие бевте клучни за успехот на овој Мундијал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испрати честитка до претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапиа, која беше објавена на веб-страницата на асоцијацијата.

Инфантино го пофали нивниот настап, истакнувајќи ја клучната улога што Аргентина ја одигра за успехот на целиот турнир. Во финалето, „гаучосите“ загубија од Шпанија со 1-0.

„Брилијантниот настап на Аргентина беше клучен за ова првенство да прерасне во исклучителен настан што привлече милиони фудбалски навивачи ширум светот. Искрено им честитам на сите што придонесоа за овој голем успех: на играчите, на селекторот Лионел Скалони, на стручниот и медицинскиот штаб и, секако, на многубројните навивачи кои го бодреа тимот во текот на целиот турнир“, напиша Инфантино. 

Се вчитува...