Умит Каран: Во Ерменија го испуштивме пласманот во следното коло

Шкупи им се придружи на Академија Пандев и на Македонија ЃП и уште на стартот се прости од настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Тимот од Чаир загуби со 1-2 во Скопје, иако имаше позитивен резултат (3-3) по првиот меч во Ереван. Но, тренерот Умит Каран смета дека пласманот го испуштиле во финишот од првиот дуел, со оглед дека Шкупи водеше со 1-3 и дозволи да прими два гола.

„Кога си елиминиран, секако има разочараност, но нема да обвинувам никого. Пласманот во следната рунда го испуштивме во Ереван, кога дозволивме да примиме два гола при водство од 1-3. На денешниот дуел, примивме гол од далечина, потоа Пјуник поведе и со 0-2, а ние не се преададовме. Намаливме на 1-2, имавме шанса и да израмниме и да одиме понатаму. Шкупи оваа година ќе биде подмладен, но повторно ќе бидеме добар тим“, изјави Умит Каран, тренерот на Шкупи.

Се вчитува...