Умтити ќе паузира најмалку три седмици

Францускиот интернационалец Самуел Умтити ќе паузира најмалку три седмици поради повредата на левото колено. Лекарскиот тим на Барселона препорача строго мирување, по што ќе биде познато дали тој ќе мора да замине и на дополнителна операција.

Дефанзивецот на каталонскиот гигант сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Тотенхем и со Валенсија, по што ќе следи репрезентативна пауза, а тој е крајно неизвесен и за мечевите со Севилја, Интер и со Реал Мадрид.

Се вчитува...