Умтити: Не е тајна дека ме бараат неколку европски клубови, но јас сум среќен во Барса

Барселона ита кон нова шампионска титула во Ла Лига. Покрај фантастичниот напад предводен од Меси и од Суарез, оваа сезона каталонскиот тим има и цврста одбрана, а за тоа еден од најзаслужните е и францускиот интернационалец Самуел Умтити. Тој со своите одлични игри го привлече вниманието на другите европски клубови. За него постои интерес од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, но и од Реал Мадрид и ПСЖ.

Дефанзивецот признава дека и до него стигнале гласините од заинтересираните клубови.

„Не е тајна дека ме бараат неколку големи европски клубови. Тоа е нормално, играм во голем клуб, а мојата отштетна клаузула е релативно ниска. Можам да кажам дека сум среќен во Барселона, но во европскиот фудбал некогаш се се одвива толку брзо. Не знам што ќе се случи на лето“, изјави Умтити, и ги подгреа шпекулациите дека можеби и ќе го напушти „Камп Ноу“ во летниот преоден рок.

Неговата отштетна клаузула изнесува 60 милиони евра, што не е проблем ниту за еден голем европски клуб.

Се вчитува...