Умтити не сака да чуе за заминување од Барса, Французинот ги одбил сите понуди

Самуел Умтити воопшто нема намера да си замине од редовите на Барселона бидејќи ги одбил сите понуди во текот на летово. Стоперот на каталонскиот гигант не сака да чуе за било какво заминување, имајќи предвид дека ниту еден од заинтересираните клубови не може да ги задоволи неговите барања како што може Барса.

Шпанските медиуми пренесуваат дела дефанзивецот има богат финансиски договор до 2023 година и затоа сака по секоја цена да остане на „Камп Ноу“ иако не влегува во плановите на тренерот, Роналд Куман.

Ќе потсетиме дека за потписот на црномуретсиот фудбалер беа заинтерeсирани: Бенфика, Лион, Монако и Рома, но по последниот состанок со претседателот Лапорта тој само потврдил дека нема намера да ги менува клупските бои во текот на летово.

Се вчитува...