Умтити пред продолжување на договорот со Барселона

Францускиот интернационалец Самуел Умтити е на прагот да го продолжи договорот со шпанскиот првак Барселона. Преговорите се веќе започнати и треба да финишираат со потпис на нов договор кој ќе има важност до 2023 година. Одличниот дефанзивец би добил многу поголема годишна плата, но исто така и многу поголема отштетна клаузула. Во тековиот договор на Умтити, таа изнесува 60 милиони евра, што го прави сепак лесно достапен за другите големи европски клубови.

Претставниците на Барселона и агентот на Самуел Умтити вчера имале нова средба во Ница, во пресрет на пријателскиот меч меѓу Франција и Италија, и според најавите од шпанските медиуми, многу брзо може да се очекува одбранбениот фудбалер да ја обнови верноста кон клубот од „Камп Ноу“.

Се вчитува...