Умтити заплакал на средбата со Лапорта: Претседателот веднаш реагирал кај Куман

Францускиот фудбалер Самуел Умтити (27) ќе добие нова шанса кај Роналд Куман во Барселона. Иако 27-годишниот дефанзивец беше еден од играчите што Куман ги отпиша, на крајот успеа да се избори за нова можност во клубот.

Умтити побара состанок со управата на клубот. Претседателот Жоан Лапорта, Рафа Јусте и Матеу Алемани беа присутни и се дискутирало за иднината на овој фудбалер.

Самуел бил целосно искрен на оваа средба. Тој посочил дека лекарите на клубот никогаш не биле јасни за неговата повреда, која честопати го вадела од терените претходните години. Сепак, Умтити успеа да го најде вистинскиот третман надвор од клубот. Сега се чувствува многу добро и е подготвен да помогне на Барса.

Раководството на каталонскиот клуб внимателно го ислушал Умтити, а по објаснувањето, пишува „Мундо Депортиво“, тие одлучиле да му дадат уште една шанса на Умтити.

Лапорта му кажал на Самуел дека верува во секој негов збор и дека мисли дека заслужува нова шанса во тимот. „Мундо Депортиво“, исто така, наведува дека Лапорта ветил дека ќе разговара со тренерот Куман на кого ќе му ги пренесе своите впечатоци и ќе побара од Умтити да биде стандарден член на тимот. Французинот тренираше многу добро во изминатиот период и ќе видиме колку тренерот на Барселона ќе ги искористи своите услуги оваа сезона.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samuel Umtiti (@samumtiti)

 

Се вчитува...