Умут Каран: Треба трпение, победата над Вардар покажува дека во Шкупи има потенцијал

Новиот тренер на Шкупи, Умут Каран, конечно може да биде задоволен по триумфот изминатиов викенд на неговиот тим против Вардар.

Минималната победа на чаирчани носи дополнителен мотив за продолжението од шампионатот во желбата за значително подобрување на досегашните резултати.

„Мора да кажам дека е потребно малку трпение за да дојдеме до посакуваното ниво на игра. Постојано во тимот се играчи кои се и под 18 години, но последната победа против Вардар јасно покажува дека во Шкупи има потенцијал. Неопходна е секако напорна работа. Ако и во следниот период играме како на мечот со Вардар тогаш сигурен сум дека успесите нема да изостанат. Мора да напоменам дека секако значаен дел за триумфот има и силната поддршка од трибини за што искрена благодарност до навивачите“ – вели стратегот на Шкупи.

Се вчитува...