Унаи Емери е првиот канидат за тренер на Реал Мадрид

Според некои угледни медиуми од Шпанија, Реал Мадрид ја почна потрагата по нов тренер за екипата, кој би седнал на клупата од идната сезона, по отказот на Чаби Алонсо.

Откако пропадна можноста за Јирген Клоп, сега „кралевите“ се вртат кон актуелниот тренер на Астон Вила, Унаи Емери. Емери сезонава прави „чуда“ со тимот од Бирмингем, и се наоѓа при врвот на табелата, односно им пркоси на гигантите, и е на добар пат да го извади клубот во Лигата на шампионите.

Шпанецот во минатото ги водеше Алмерија, Валенсија, Севиља, ПСЖ, Арсенал и Виљареал. Кратко беше и во Спартак Москва. 54-годишниот Шпанец е прв сериозен кандидат кој се појави како можен тренер на најтрофејниот тим во Лигата на шампионите.

Вчера Реал загуби од Бенфика, и се најде на деватата позиција, што значи дека ќе мора да игра плеј-оф за пласман во 1/8 финалето, и тоа можен ривал му е токму Бенфика.

Се вчитува...