Унгарија ќе биде последниот ривал на младинците на СП

Унгарија ќе биде противникот на Македонија во утрешниот меч за петтото место на Светското Првенство што во изминатите десетина дена се одржува во Алжир.

Унгарците во вториот дуел од разигрувањето за петто до осмо место славеа над Тунис со резултат 34-30, обезбедувајќи си битка со нашите ракометни таленти. Само за потсетување, Унгарија во четвртфиналето дури по продолжение загуби од Шпанија, но оваа селекција сепак најде сили за максимално фокусирано да го одигра денешниот меч за пласман.

Тие доминираа од самиот почеток на натпреварот и на одмор заминаа со предност од 17-14. Тунижаните успеаја да се вратат, па во последните десетина минути се влезе со израмнети 27-27, пред Унгарија да постигне четири гола во низа и да си ја осигура победата.

Матијас Ѓер беше најефикасен со седум гола кај Унгарците, еден помалку постигна Лигетвари, а четири погодоци постигна Мартин Варју.

Се вчитува...