Ракометната репрезентација чиј предводник е Раул Гонзалез се пласираше на Светското првенство кое што следната година ќе се игра во Германија, откако во баражот ја елиминираше силната репрезентација на Унгарија.
Откако на домашен терен Србите победија со два гола разлика, вечерва успеаја да изгубат со само еден погодок на реваншот кој се играше во Унгарија (31-30) и со тоа да се чекираат на Мундијалот во Германија.
Вања Илиќ со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Бенце Имре постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
