Унгарија означи крај на сезоната, без прогласување шампион

Поради пандемијата на коронавирусот Унгарската ракометна федерација одлучи да означи крај на сезоната во ракометните првенства во земјата.

Унгарија се одлучи на означување крај на сезоната без прогласување шампион. Минатогодишен шампион е Веспрем во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Клубовите кои следната сезона ќе играат во европските купови ќе бидат одредени согласно минатогодишниот пласман.

Се вчитува...