Унгарија слави: Голем бод против големата Франција (ВИДЕО)

И покрај тоталната доминација во текот на првото полувреме, Французите завршија со негатива од 1-0 по првите 45 минути, во прекрасен амбиент на ЕВРО 2020 пред 60.000 навивачи во Будимпешта.

Бензема, Гризман, Мбапе и Погба не реализираа неколку извонредни шанси за Французите па добија казна во последните секунди од првото полувреме. Фиола во втората минута од судиското продолжение, по еден брз контранапад, донесе предност за Унгарците.

Во вториот дел Французите, иако не доминираа, повеќе притиснаа за израмнување кое дојде во 66. минута со погодокот на Гризман. Па, Французите со четири бода веќе се на добар пат кон осминафиналето на Европското првенство, а Унгарците остануваат во игра за пласман во следната фаза во очекување на дуелот со Германија во последното коло.

 

Се вчитува...