Унгарките се разбудија од олимпискиот кошмар

Ракометарките на Унгарија конечно се разбудија на олимпискиот турнир, па по трите порази во низа денеска ја забележаа првата победа, земајќи го скалпот на Шпанија (29-25). Шпанките влегоа како фаворитки од овој меч, но Унгарија благодарение на цврстата одбрана го диктираше темпото од самиот почеток и стигна до заслужена победа.

Унгарија го отвори мечот со 3-0, а неколку минути подоцна поведе и со 7-2. Шпанија се консолидираше и на одмор се замина со водство на унгарскиот состав од 14-11. Шпанките се приближија на 15-14, но следеше нова серија од 5-1 на романските ракометарки, кои и во вториот дел стигнаа до „плус пет“ (20-15). „Црвената фурија“ дојде на само еден гол разлика, но тоа беше се што успеа да стори, следеше нова серија на Унгарките и заслужена победа, прва за оваа селекција во групната фаза од ОИ.

Вамос и Клујбер со по шест гола беа најефикасни во унгарскиот состав, додека во редовите на Шпанија најдобар стрелец при денешниот пораз беше Мартин со пет погодоци.

Се вчитува...