Унгарска инвазија: Германци, дајте билет за фајналфор (ФОТО)

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Ова е првиот фајналфор турнир во Келн на кој нема да учествува ниту една германска екипа. Билетите се од поодамна распродадени, но како што стојат работите, дел од германските фанови би можеле да ги продадат своите влезници во ситуација кога нивните миленици нема да се најдат на теренот на „Ланксес арена“.

Барем во текот на денешниот ден најбројни беа фановите на Веспрем, дел од нив допатуваа во Келн без купени влезници. Денеска пред арената беа забележливи неколку фанови како бараат билет повеќе, а според најавите во Келн, утре на „пазарот“ ќе се појават и домашните фанови, кои ќе сакаат да ги продадат веќе купените влезници.

Како и да е, за очекување е трибините на „Ланксес арена“ повторно да бидат исполнети до последното место, со над 19.000 ракометни вљубеници како дел од овој спортски спектакл.

Се вчитува...