Унгарската сензација Марошан го елиминираше и Каспер Руд

Унгарскиот тенисер Фабијан Марошан е првиот четвртфиналист на АТП мастерсот од серијата 1000 кој се игра во кинескиот град Шангај.

Унгарецот кој сезонава може да се пофали со победа над Карлос Алкараз (Мастерс 1000 Рим) му го зеде скалпот и на 9. тенисер на АТП листата, Каспер Руд совладувајќи го со 2-1, по сетови 7-6, 3-6 и 6-4.

Марошан во четвртфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Полјако, Хуберт Хуркач и домашната надеж Жижен Жанг.

Се вчитува...