Уникс во трилер-меч загуби од Локомотив за 1-2 во полуфиналната серија, Нено со 19 поени

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше нова квалитетна партија во дресот на Уникс Казањ, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз на гостувањето против Локомотив Кубан во третиот натпревар од полуфиналната серија во ВТБ лигата.

Локомотив победи со 89-83 и поведе со 2-1 во серијата. Првиот кој ќе стигне до четири победи во серијата ќе се пласира во финалето на ВТБ лигата.

Израмнет беше дуелот во Кубан иако домашните постојано имаа предност. Сепак, во последната четвртина благодарение на Димитријевиќ и Џејлен Рејнолдс, Уникс Казањ успеа да дојде до егал-завршница.

Сепак, Окаро Вајт на 40 секунди пред крајот реализираше две слободни фрлања за 85-83 за Локомотив, а потоа откако Уникс не реализираше два напади, на крај домашните реализираа уште два напади со четири слободни фрлања, за конечна победа од 89-83.

Нено Димитријевиќ мечот го заврши со 19 поени, осум асистенции и два скока, а Рејнолдс беше најефикасн кај гостите со 24 поени. Кај Локомотив најдобар беше Окаро Вајт со 20 постигнати поени.

Се вчитува...