Унион Берлин ја запре неверојатната серија на Баерн

Неверојатата победничка серија на Баерн што траеше од самиот почеток на сезонава во сите натпреварувања конечно беше запрена попладнево, откако пулените на Компани ремизираа 2-2 на гостувањето против Унион Берлин. Баварците дури и треба да бидат задоволни од ваквиот исход ако се знае дека два пати беа во резултатска негатива, на крајот спасувајќи се од пораз во 94. минута преку Хари Кејн.

Унион Берлин прв поведе преку Доеки по слабата интервенција на Мануел Нојер, но Баерн израмни пред крајот на полувремето со неверојатниот погодок на Луис Дијаз. Фаворитот напаѓаше и во вториот дел, по повторно домаќинот беше тој што поведе, повторно со голот на Доеки по еден прекин во кој Кејн не реагираше најдобро, а дефанзивецот на Унион Берлин го најде патот до мрежата.

Тоталната офанзива до крајот донесе неколку шанси, а Кејн се извади за грешката при голот на противникот откако Англичанецот стрелаше прецизно за 2-2.

Прекината беше и серијата од осум меча без пораз на Лајпциг (седум победи и едно реми) откако поранешниот тим на Елиф Елмас попладнево загуби на гостувањето против Хофенхајм со 3-1. Лајпциг дури и прв поведе преку Дијоманде, но Хофенхајм уште до крајот на првото полувреме направи целосен пресврт, а потоа во вториот дел преку Промел ја запечати победата.

Лајпциг и покрај овој пораз остана на второто место откако Борусија Дортмунд одигра само 1-1 на гостувањето против Хамбуртер. „Милионерите“ беа на чекор до триумф по погодокот на Чуквуемека кон средината на второто полувреме, но Хамбургер спаси бод со погодокот на Кенигсдерфер во 96. минута.

Баер Леверкузен на домашен терен го декласираше Хајденхајм со 6-0, меч на кој „фармацевтите“ постигнаа дури пет гола во првото полувреме.

Резултати Германија:

Баер Л. – Хајденхајм 6-0, Ун. Берлин – Баерн М. 2-2, Хамбургер – Борусија Д. 1-1, Хофенхајм – Лајпциг 3-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...