Унион Берлин му врачи отказ на Ненад Бјелица

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин на две кола пред крајот на првенството му врачи отказ на хрватскиот стратег Ненад Бјелица.

Хрватскиот стучњак пристигна на клупата на клубот од главниот град на Германија со цел да го спаси од релегација, но дополнително ја закомпликува ситуацијата со поразот од Бохум со 4-3 па сега овосезониот учесник во Лигата на Шампионите има само бод повеќе од местото кое води до доигрување за Бундеслигата.

Функцијата главен тренер до крајот на сезоната ќе ја врши Марко Гроте.

Се вчитува...