Унион Берлин не признава „милионери“

Новиот бундеслигаш Унион Берлин ја оствари првата победа во елитата, и тоа над Борусија Дортмунд. „Милионерите“ важеа за големи фаворити, но загубија со 3-1 од мотивираниот домаќин.

Мариус Бултер во 22.минута го доведе Унион Берлин во водство, но Пако Алкасер возврати само три минути подоцна. Сепак, во вториот дел домаќините беа многу порасположени и постигнаа уште два гола. Бултер со својот втор гол повторно донесе предност, а Себастијан Андерсон го потврди големиот триумф за Унион Берлин.

Се вчитува...