Унион Берлин после пет години го смени тренерот

Унион Берлин му даде отказ на главниот тренер Урс Фишер после серијата на слаби резултати на клубот во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Фишер ја презеде улогата на прв тренер во 2018 година, и за овие пет години тимот успеа да го пласира во Првата Бундеслига, а потоа да избори учество најпрво во Лигата на Конференции, па во Лигата на Европа и оваа сезона во Лигата на шампионите, каде во првите три кола, тимот има само еден бод.

Швајцарецот е најуспешниот тренер во историјата на клубот. Ја доби и наградата тренер на годината за минатата сезона поради успехот да го внесе тимот во Лигата на шампионите. Неколку кола Унион беше и на чело на табелата пред Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кои до последното коло се бореа за титулата. Го водеше тимот на вкупно 224 натпревари.

„Урс Фишер си заминува како пријател на клубот, и од наша страна секогаш ќе биде дочекан со раширени раце“, рече претседателот Дирк Цинглер.

„Последните неколку недели ми одземаа многу енергија. Се трудевме сите многу, тимот вложи многу, но резултатите изостанаа. Многу сум благодарен на довербата тука. Се надевам дека оваа промена ќе донесе добро. Некогаш е потребно различно лице, поинаков начин на работа. Благодарност до играчите и раководството на клубот. На Унион му посакувам се најдобро, и искрено се надевам дека ќе успеа да опстанат“, рече Фишер.

Се вчитува...