Унион Берлин во „фестивалот на автоголови“ подобар од Ајнтрахт (ВИДЕО)

Унион Берлин го совлада Ајнтрахт Франкфурт на гости со 1-2 во последниот натпревар од 23. коло во германската Бундес-лига. Првиот дел помина без голови, а гостите успеаја да водство да стигнат во 49. минута преку Себастијан Андерсон. Со автоголот на Н’Дика во 67. минута гостите успеаја да стигнат до 0-2. Следуваше нов автогол, но овој пат во мрежата на гостите. Флоријан Хуберт го совлада својот голман во 79. минута и ги постави конечните 1-2. Со овој триумф Унион Берлин го помина денешниот противник на првенствената табела и сега се наоѓа на 10. позиција со 29 бода, односно еден повеќе од Ајнтрахт Франкфурт.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...