Упамекано избра – Реал, Барса и Арсенал разочарани

Кога Дајот Упамекано пред два месеци објави дека планира летово да го напушти Лајпциг, неколку европски гиганти веднаш подготвија понуди за да се обидат да го убедат 21-годишниот Французин да им се приклучи. Трката не траеше премногу долго, бидејќи Упамекано по понудите од Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Арсенал ја избра онаа на баварскиот гигант.

Весникот „Билд“ во денешното издание објави дека Упамекано ја прифатил понудата за петгодишен договор со актуелниот првак на Германија, а сега останува само уште Баерн да се договори за висината на отштетата со Лајпциг. Во договорот меѓу Упамекано и Лајпциг има клаузула за раскин за 60 милиони евра, но истиот истекува за една година, па баварскиот гигант се надева дека ќе ја спушти оваа сума на околу 40 милиони евра.

Заминувањето на Упамекано ќе значи дополнително ослабување на тимот на Лајпциг, кој летово ќе остане и без најдобриот стрелец Тимо Вернер (се наоѓа пред потпис со Ливерпул).

Се вчитува...