Уапсен поранешниот формула 1 возач Жан Алези

Поранешниот Формула 1 возач Жан Алези е приведен, пренесуваат француските медиуми. Причина за приведувањето е експлозија во архитектонска работилница во Авињон, родниот град на Алези.

Истрагата утврдила дека експлозивната направа ја поставило непознато лице, чиј автомобил бил снимен од надворешна надзорна камера. По проверка на бројките, стана јасно дека сопственик на автомобилот е Хозе Алези, братот на Жан. Прво бил повикан на распит, по што самиот Жан пристигнал во полициската станица за да објасни дека го користел автомобилот.

Работилницата во која се случила експлозијата е во сопственост на сопругот на сестрата на Алези.

Се вчитува...