Управниот одбор го усвои предлогот за измени на Статутот на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на одржаната седница донесе одлука со која го усвои предлогот доставен од страна на правната комисија на ФФМ во делот за измени и дополнувања на Статутот на ФФМ во насока на доставување на кандидатури и избор на претседател на ФФМ да се достават до членките на ФФМ на разгледување, согласно предвидената постапка за измени и дополнувања на Статутот на ФФМ.

По изјаснување на членките во врска со предложените измени и дополнувања, истите ќе бидат доставени до УЕФА и ФИФА на одобрување. По завршување на постапката ќе се пристапи кон закажување на Собрание за измени и дополнувања на Статутот на ФФМ.

Се вчитува...