Урнат негативниот рекорд, вакво нешто се нема случено во историјата на Премиерлигата

Екипата на Вулверхемптон уште од сега се простува од Премиерлигата. Тимот веројатно идната сезона ќе игра во Чемпионшип, иако на последните два меча против Арсенал и против Ливерпул покажаа дека имаат „штоф“, но им недостасуваше среќа.

„Волците“ денеска на Енфилд загубија од Ливерпул со 2-1, и тоа беше нивни 16-ти пораз во Премиерлигата оваа сезона. Патем, тие имаат само два нерешени резултати и два освоњени бода. Досега се немаат радувано на победа. Така продолжија со рушење на негативните рекорди.

До сега секој тим во Премиерлигата имал барем една победа во 18 кола, но Вулверхемптон нема, и тоа е првпат вакво нешто да се случи во 123-годишната историја на англиската „елита“.

Очигледно е дека после седум години „волците“ ќе се преселат во понизок ранг.

Се вчитува...