Урнат уште еден рекорд на Роџер Федерер

Искусниот шпански тенисер, Фелисијано Лопез стана сопственик на еден тениски рекорд на АТП мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс. Шпанецот кој на 20. септември го прослави 40. роденден е еден од најстарите тенисери на АТП турнејата.

Неодамна ја прослави 501 победа и стана рекордер по бројот на учества на гранд-слем турнирите во низа. На мечот од првата рунда во Индијан Велс со Томи Пол тој урна уште еден рекорд. Во моментов Лопез е тенисер кој има најмногу одиграни АТП мастерс 1000 турнири.

Со 139 учество тој зад себе го остави легендарниот Роџер Федерер. Сепак, Шпанецот го заврши настапот бидејќи Пол беше подобар од него со 2-0 (6-3 и 7-6).

Се вчитува...