Дербито од првото коло во Лигата на шампионите сигурно ќе биде во Париз каде ПСЖ го пречекува Манчестер јунајтед. Тимот од Париз посакува одмазда за онаа елиминација од пред две сезони од Јунајтед во нокаут фазата од ЛШ.
Во Јунајтед изминатиов период не владее баш најдобра ситуација, поради проблеми во соблекувалната и најавата дека Бруно Фернандеш во јануари сака да си замине од клубот. Но, со оглед на фактот дека Португалецот е најдобриот играч во Јунајтед, од клубот прават се што е можно да го промени мислењето. Оле Гунар Солскјер одлучи дури и Фернандеш да биде капитен на екипата, што очигледно и самиот не го очекуваше.
Колку е Бруно Фернандеш изненаден со оваа одлука на тренерот најдобар показател е неговата реакција во моментот кога Солскјер на прес-конференција им соопшти на медиумите дека тој ќе ја добие капитенската лента…
GIF of the moment Bruno Fernandes found out he will skipper #MUFC against PSG pic.twitter.com/Kc9e5sy0rj
— Simon Peach (@SimonPeach) October 19, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА