Урнебесна сцена на Мастерсот во Рим: Си играше а не ни примети дека нема противничка на спротивната страна (ВИДЕО)

Полуфиналниот натпревар на Мастерс турнирот во Рим, меѓу Кинвен Женг и Коко Гауф предизвика една од најбизарни сцени во историјата на женскиот тенис.

Големата битка меѓу Кинвен Женг и Коко Гоф на Мастерсот во Рим беше обележана со навистина надреална сцена на почетокот од третиот сет.

Американката не виде дека противничката од Кина не е на линијата, туку го менуваше рекетот до теренот, а потоа сервираше како противничката да е таму. Дури откако сервираше, сфати што се случува и почна да се смее сама на себе, додека публиката беше во транс од смеа.

На теренот се одвиваше исклучително голема борба. На крајот, по повеќе од три и пол часа игра, Гоф победи со 2-1, во сетови 7-6, 4-6 и 7-6.

Се вчитува...