Урнебесно: Лукаку самиот се повреди (видео)

Ромелу Лукаку го имаше потегот на натпреварот меѓу Саутемптон и Манчестер јунајтед, но не погодокот за намалување на водството на противникот, туку грешката во второто полувреме при која белгискиот голгетер самиот се повреди.

Јунајтед одзеде топка пред својот шеснаесетник и ја упати кон Лукаку во обид да се организира контранапад. Сепак, кога сите очекуваа Белгиецот да тргне напред, тој очајно реагираше при првиот контакт, нагазувајќи ја топката и останувајќи да седи на теренот.

За трагедијата да е уште поголема, Лукаку со овој потег заработи и повреда, па набрзо потоа беше заменет со Џеси Лингард.

Се вчитува...