Урнебесно видео: Зидан падна од коњ и атрактивно избегна повреда

Фудбалската легенда на Франција, Зинедин Зидан стана вирален хит откако се најде во центарот на вниманието поради еден потег со кој успеа да избегне сериозна повреда.

Имено, додека Зидан јавеше коњ за момент падна од него, а начинот на кој се обиде да избегне некоја повреда е „фудбалска мајсторија“ која од времето на професионалната кариера му помогна да го ублажи падот и да стане насмеан без никаква посериозна незгода.

Навивачите коментираа дека Зидан го исконтролирал падот како што некогаш ја контролираше топката.

 

Се вчитува...