Уругвај го постави легендарниот Диего Форлан за селектор

После неуспехот на Мундијалот, на кој Уругвај беше елиминиран уште во групната фаза, селекцијата остана без селектор. Марсело Биелса доби отказ после три години на клупата на овој тим, а сега стигнуваат вести од оваа земја кои велат дека легендарниот фудбалер ќе го замени на клупата.

Станува збор за некогашниот голгетер на оваа земја, Диего Форлан кој ќе треба да ја преземе селекторската палка. Уругвајскиот напаѓач одигра 112 меча за својата земја, а има скромна тренерска кариера. По малку ги водеше екипите на Пењарол и на Атенас, а беше назначен оваа година и за селектор на репрезентација до 20 години.

Во својата играчка кариера Форлан остави белег играјќи во Манчестер Јунајтед, Виљареал, Атлетико, Интер, Интернационал, потоа во Черезо Осака, Пењарол, во Мумбаи Сити и во Кичи.

Се вчитува...