УС Опен: Чилиќ победи во драма од пет сета и го престигна Федерер, победи и за Димитров и Раониќ

Хрватот Марин Чилиќ многу потешко од очекувањата се пласираше во 2. коло на УС Опен по победата против 111.тенисер во светот Денис Кудал.

Три часа и 33 минути му беа неопходни на Чилиќ со пресврт во пет сета да го победи Американецот. Хрватот имаше негатива во првите два сета по 6-7 и 3-6, а потоа ги доби последните три со 7-5,7-5 и 6-3 законечна победа.

За Чилиќ ова беше 33-та победа во кариерата во пет сета и сега ги има најмногу од сите активни тенисери. На врвот го престигна и Роџер Федерер кој има 32 победи во пет сета.

Во 2. коло на УС Опен се пласираше и Милош Раониќ кој без поголеми проблеми во три сета славеше против Аргентинецот Мајер, како и Бугаринот Григор Димитров кој во три сета го победи Американецот Пол. Иво Карловиќ загуби убедливо во три сета од Французнот Гаске.

Се вчитува...