УС Опен – Елиминација на Мареј, Раониќ и Димитров, Серена и Азаренка без проблеми

Енди Мареј го заврши настапот на годинашното издание на УС опен откако беше поразен од канадската надежо Феликс Оже Алиасим со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-3 и 6-4. Елиминација доживеа и финалистот од Синсинати мастерсот Милош Раониќ кој во „канадското дерби“ беше поразен од Васек Поспишил со 3-1, 6-7, 6-3, 7-6 и 6-3.

Во маратонски меч во пет сета кој траеше скоро пет часа, Григор Димитров загуби од Унгарецот Мартон Фуцович. Иако имаше предност од 2-1 во сетови и 4-3 во четвртиот, очајната игра во финишот го чинеше Бугаринот пласман во 3. коло. Пласман во следната фаза обезбедија и Доминик Тим, Данил Медведев, Роберто Баутиста Агут, Матео Беретини и Марин Чилиќ.

Кај дамите без поголеми проблеми во третото коло поминаа Серена Вилијамс која беше подобра Маргарита Гаспаријан со 2-0 (6-2 и 6-4), како и Викторија Азаренка која ја совлада сонародничката Арина Сабалјенка (6-1 и 6-3). Пласман понатаму обезбедија и Софија Кенин и Слоун Стивенс, а единствена од фаворитките која е елиминирана е Гарбиње Мугуруза која загуби од Цветана Пиронкова (7-5 и 6-3).

Се вчитува...