Познат е ждребот за УС опен. Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против тенисерот од Босна и Херцеговина Дамир Џумхур. Меѓу фаворитите во делот на ждребот на Србинот се и Стефанос Циципас, Давид Гофан, Александар Зверев и Џон Иснер. Дерби на првото коло ќе биде мечот меѓу Германецот Александер Зверев и Кевин Андерсон.
На другата страна од ждребот се наоѓаат финалистот од Австралија опен Доминик Тим и Русинот Данил Медведе кој минатата година загуби во финалето на „Флешинг Мидоус“ од Рафаел Надал.
Кај дамите Серена Вилијамс во првото коло за противник ќе ја има сонародничката Ан, а во долниот дел од ждребот се наоѓаат и шампионката од Австралија опен Софија Кенин, Медисон Кис, Гарбиње Мугуруза и Јоана Конта.
Во горниот дел од жребот покрај првата носителка Каролина Плишкова се и Анжелик Кербер, Наоми Осака и Петра Квитова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА