УС Опен ја објави комплетната листа учесници: Ќе биде многу повозбудливо од очекуваното

Годинашниот УС Опен ќе биде многу повеќе интересен од тоа што се мислеше, што е потврдено со официјалната листа учесници објавена од организаторите.

Грандслем турнирот ќе го предводи најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а покрај него од самиот светски врв ќе бидат и Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Матео Бератини, Давид Гофин и Марин Чилиќ.

Како што е познато, во текот на вчерашниот ден Рафаел Надан објави дека нема да биде во Њујорк поради заразата од коронавирусот, а поради повреда учеството го откажа и Роџер Федерер. Ќе биде тоа првпат после 20 години ниту едниот ниту другиот да не бидат на еден Грандслем турнир.

 

Кај тенисерките нема да биде првата на светот Ешли Барти, но затоа ќе бидат сите останати од светскиот врв како Синома Халеп, Серена Вилијамс, Наоми Осака, Андреску, Софи Кенин…

 

УС Опен почнува на 31. август, и ќе трае до 13. септември.

Се вчитува...