УС Опен: Медведев без проблеми до четвртфинале

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако славеше со 3-0 над Британецот Даниел Еванс. Медведев победата ја најави уште во првиот сет кој го доби со 6-3, потоа беше убедлив и во вториот со 6-4, а во третиот повторно славеше со 6-3.

Во четвртфиналето рускиот тенисер ќе се сретне со Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп кој денеска славеше со 3-2 против Швартсман.

Се вчитува...