УС Опен: Поради екстремните жештини се повлекоа пет тенисери

Временските прилики на УС Опен, тенисерите ги опишуваат како „опасни“. Дури петмина се повлекоа од дуелите од првото коло поради големите жештини. Температурите во Њујорк достигнуваат до 38 стпени, а влжноста на воздухот е 50 проценти.

Американската тениска асоцијација беше принудена за првпат на машкиот дел од тутнирот да прогласи „екстремни временски услови“. Ова правило за женскиот турнир го воведува ВТА. „Екстремните услови“ дозволуваат десетминутна пауза кај тенисерите по третиот сет, додека кај девојките паузата следува по вториот сет.

Американската тениска асоцијација призна дека дури пет од шесте откажувања во првото коло биле поврзани со жештините. Шампионот од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ кој постојано има забелешки на нехуманите услови вели дека било „тажно да се гледа“ како претоплото време влијаело на дел од играчите.

 

 

 

 

Се вчитува...