Усеин Болт: Од 2018 година почнувам со фудбалска кариера

Една од најголемите тркачки ѕвезди во историјата, Усеин Болт категорично најавува дека од 2018 година активно ќе почне со своја фудбалска кариера.

Со оглед на тоа дека е голем вљубеник во фудбалот, Болт не се откажува од тоа да се активира како фудбалер па најави дека следната година со сигурност ќе се проба во некој фудбалски клуб. Наводно, веќе добил неколку конкретни понуди.

„Многу сакам да играм фудбал сега откако се пензионирав од атлетиката. Откако кажав дека сакам да играм, многу клубови се јавија. За жал, имав незгодна повреда на задната ложа во август и тогаш не можев да тренирам. Но, ќе бидам подготвен за 2018 година кога сигурно ќе најдам некој клуб“ – вели Болт за официјалната интернет страница на ФИФА.

А, сосема е јасно дека клубот кој ќе го ангажира Болт ќе добие одлична маркетиншка приказна и голбален публицитет.

Се вчитува...