Уште двајца повредени во составот на Косово

Фудбалската репрезентација на Косово денеска го има првиот собир во пресрет на плејоф натпреварот против Македонија в четврток на арената „Тодор Проески“, а селекторот Бернард Шаланде се соочува со нови проблеми. Како што информираат косовските медиуми, има уште двајца фудбалери кои пријавиле повреди по пристигнувањето во репрезентативната база.

Се работи за Хекуран Криезиу, фудбалерот за врска на швајцарскиот Цирих, како и Идриз Воца од Анкарагучу.

Кризеиу заработил повреда на лигаментите на коленото на последниот меч, додека Воца има скршеница на носот.

Се вчитува...