Уште еден екс-вардарец го напушти Веспрем

Веспрем се реши на неочекуван потег, откако унгарскиот вицепрвак објави дека ја прекинува соработката со уште еден поранешен член на Вардар. Бразилецот Рожерио Мораеш од денеска веќе не е член на унгарскиот ракометен гигант, но за разлика од Борозан и од Шишкарев, овојпат до прекин на соработката не дојде на барање на клубот, туку на самиот играч.

Како што информираат од Веспрем, бразилскиот пивот поради семејни причини инсистирал на заминување од клубот, желба што му била исполнета.

„На претходната прес-конференција најавивме дополнителни промени во екипата, но не мислевме на вакво нешто. За жал, ги информираме нашите навивачи дека по барањето на Рожерио Мораеш, го раскинавме договорот со овој ракометар поради семејни причини на Бразилецот. Мораеш пристигна во клубот во 2019 година и со него во тимот освоивме една титула во Унгарија и една во СЕХА-лигата. Тој одигра 86 меча за Веспрем, притоа постигнувајќи 173 погодоци“, објави унгарскиот гигант.

Се вчитува...