Уште еден калчолигаш влегува во трка за Ромелу Лукаку

Италијанскиот калчолигаш Наполи влезе во трка со Интер за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, пренесуваат медиумите од Апенините.

Претходните денови се говореше дека Белгиецот е на чекор од потпис со „нероаѕурите“, меѓутоа во трката за него се приклучува и Наполи. Тие се подготвени на Лукаку да му понудат годишна плата од 10 милиони евра, што е далеку поголема од понудата на Интер. Сигурно е дека 26-годишниот фудбалер нема да биде дел од Манчестер Јунајтед следната сезона, а останува да се види колку ќе успеат да заработат „црвените ѓаволи“ од неговиот трансфер.

Лукаку на „Олд Трафорд“ пристигна во летото во 2017 година од редовите на Евертон за сума од 85 милиони евра. За Јунајтед забележа 96 настапи на кои постигна 42 гола.

Се вчитува...