Уште еден легендарен боксер најави камбек: Тајсон ми е голема инспирација…

Трендот на легендарните боксери да се вратат назад во рингот продолжува откако Оскар де ла Хоја денеска објави дека е подготвен повторно да боксува, тринаесет години откако ја заврши кариерата. Де Ла Хоја (48 години) имаше освоено вкупно 11 шампионски појаси за време на својата 16-годишна кариера, која заврши со пораз од Мени Пакуајо во 2008 година.

Тој се појави на настан за да ја промовира борбата на Џек Пол против Бен Аскрен закажана за месец април, при што Де Ла Хоја ја изненади јавноста со својата објава.

„Се враќам во рингот на 3 јули. Тоа е датумот на мојот камбек во рингот. Мајк Тајсон ми беше неверојатна инспирација“, прокоментира Де ла Хоја, не наведувајќи кој ќе биде негов ривал на камбекот.

Се вчитува...