Уште еден Македонец стрелаше во Бугарија: Зајков ја најави победата на Левски (ВИДЕО)

На македонските фудбалери денеска им оди во Бугарија. После Доријан Бабунски, кој донесе победа за Ботев Враца во дуелот со Берое, во вториот меч Ѓоко Зајков погоди за Левски во победата над Ботев Пловдив од 2:0.

Зајков стрелаше во противничката мрежа уште во 6. минута. Цонев му нафрли од десната страна, а Зајков со глава успеа да го најде патот до мрежата. На крајот асистентот Цонев успеа да постигне гол за конечен триумф од 2:0.

Левски со оваа победа се искачи на шестата позиција на табелата, односно влезе во екипите кои ќе играат плеј-оф на пролет.

Се вчитува...